тужи (св. и несв.)

Величковски, кој сега работи во приватна агенција за обезбедување, а дополнително и како електричар и хаусмајстор на повик, охрабрен од добиениот спор и од тоа дека, сепак, и во нашата држава може да се добие судски спор за прекршени работнички права, е решителен за тоа дека и во иднина повторно би тужел доколку му биде повредено некое право од сферата на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш скомина ги фаќаше и потајно ги силеа Јанческите да го тужат Тахир бег и да бараат да им биде вратен коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Јас мислам дека најдобро ќе биде да го тужиме.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Против пресудата работодавачот, кој ја изгуби парницата, знаејќи дека не е во право не се осмели да покрене никаков правен лек и истата беше спроведена доброволно – а раководството на „Дервен“, поучено од овој случај и под страв дека тој би ги поттикнал и останатите инвалиди на трудот да тужат – самоиницијативно ги исплати и трошоците за исхрана на останатите кои беа во иста фактичка положба, а немаа покренато тужба за истите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, додава дека доколку би имал шанса и повреда на некое работничко право во иднина повторно би тужел – но, секогаш со адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После сето ова, таа решително 212 изјавува дека доколку во иднина повторно ѝ биде прекршено некое работничко право, без двоумење пак би тужела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Те тужев. Џабе. Кадија те тужи, кадија те суди.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Те тужев. Џабе. Кадија те тужи, кадија те суди.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, да биде иронијата поголема, овие кои молчеа и не се одважија да тужат си останаа да работат и понатаму како „инвалиди на трудот“, а нивните побарувања за на име хранарина беа дури и поголеми од оние на Кирова која нели, уште на почетокот на спорот, „доброволно“ го отповика решението за скратено работно време!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Треба да го тужиш. Како може така? - рече Елена и веднаш сфати дека избрзала.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој не се обрати до Трудовата инспекција затоа што тоа е државен орган во состав на МТСП, а исто така и АД „Охис“ е во државна сопственост – така што Величковски вели дека и доколку евентуално би се обратил, тоа би била ситуација во која „кадија те тужи, кадија те суди“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Допрениот“ не иде (ко што е ред) кај Благоја Железничарот, туку одма наоѓа двајца сведоци и те тужи за два милиона долари оштета.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, повеќе лица можат со една тужба да тужат, односно да бидат тужени [т.н. „сопарничари“], ако: 1) во поглед на предметот на спорот се во правна заедница или ако нивните права, односно обврски произлегуваат од ист фактички и правен основ; 2) предмет на спорот се барања односно обврски од ист вид што се засноваат врз суштествено истовиден фактички и правен основ иако постои стварна и месна надлежност на истиот суд за секое барање и за секој тужен и 3) тоа е определено со друг закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во граѓанската парнична постапка што Јакшиќ ја поведе пред Основниот суд Скопје II, ги тужеше компанијата- подизведувач во која работеше и плус уште две други компании кои се јавуваа во улога на изведувач и инвеститор на објектот на кој се случи повредата при работа [н.з. станува збор за ГТД „Бетон – Штип“ АД како второтужен и ГУТ „Луна Корпорација“ ДОО – Скопје, како третотужен].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, и тука работодавачот потфрли при почитувањето на работничките права па, освен неисплатените придонеси во ФПИОМ, не му исплати ниту испратнина, за што Авдиќ повторно тужеше и иако има добиено судска извршна пресуда, таа сѐ уште не е испочитувана и сумата не му е исплатена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Орхан Авдиќ, и покрај добиените судски спорови против својот бивш и осветољубив работодавач, вели дека не би тужел повторно доколку му биде повредено некое работничко право – поради тоа што воопшто нема доверба во македонскиот судски систем и во синдикатот за кои, се чини сосем оправдано, смета дека се целосно партизирани!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)